ОТЕЦ ДУШКО

Свештеник

Писмо од свештеникот

Почитувани  верници.
драги браќа и сестри
мили дечиња,
возљубени во Христос нашиот Бог.

Целиот наш живот е дар Божји.
Од Бога е благодетта ,од нас е трудот.

Св.апостоли вложувале многу труд да го прошират Христовото учење,и успеале во тоа, а по нивните стапки и Вие постарите браќа и сестри сте успеале Вашата света Христова Православна вера да ја донесете и овде на овие простори.
Живата света вера Христова -Светата Православна Црква ,вера ,која сите нас не обединува.

Се сеќавате како пред повеке од 25 години макотрпно сте го започнале создавањето на оваа Црковна Општина и како успеавте  да купите и сопствена Црква која и ден денес успешно ни ги задоволува духовните потреби.

Црква со редовен свештеник во секое време и секогаш сум  тука присутен за сите вас и за сите ваши потреби .Отворен дијалог и подадена рака очекувам а фала му на Господ и имам од сите Вас ,од најмалиот до најстариот.

Постарите и тоа како сте ни потребни во заедничко дејствување за да можеме помладите да ги поведеме по вистинскиот Христов пат.Токму на вас младите најповеке сакам да ви се обратам ,вие сте силата на секоја Црква,само со отворен дијалог,комуникации,ваши идеи ,совети , ке одиме во вистинска насока.

Спремен сум да слушнам за вашите идеи,ставови, да ви давам совети но и да ги слушам вашите мислења  кои пред се, треба да се искрени! Развојот ,оддржувањето и активностите драги браќа и сестри зависат од вас, и секоја ваша помош, идеја и сугестија е добредојдена.

Во црквата ние сите се издигнуваме духовно и секоја минута помината во храмот треба да ни биде време за духовна наслада и храна наша. Далеку од родното огниште сепак имаме наше сопствено место каде слободно можеме да си ја исповедаме верата.

Каде и да сме во светот духовните вредности си ги носиме во себе.Можеме секакви земни работи да вкусиме и да видиме но духовното она свето Православие е тоа што е највредно во нас.Учеството на св.Литургија и посетата на храмот е најубавото нешто за секој човек-верник. Бидете секогаш во љубов Божја и со искрени и чисти срца кон своите ближни .

Ваш брат во Христа,
отец Душко Пецов