Во слава на Бога и по молитвите на светите браќа Кирил и Методиј,интензивно се одвива градбата на новата Црква.Стигнавме до фазата бетонирање на плочата,ископ на канализација за атмосферски води.
На градилиштето се донесени и блокови и материјал за зидање,и наскоро ке почне и оваа фаза ,така што набргу нашето срце и душа преку убавата глетка ќе се развеселуваат се повеќе и повеќе.
Црковниот одбор во секојдневна мегусебна комуникација и контакт со фирмата која гради неуморно се залагаат за се ова успешно да се заврши и изгради и да биде вредно дело за сиот верен народ ,кој пак несебично со љубов секој според можностите секојдневно даруваат и донираат средства за градба на Црквата.Сите се радосни и возбудени бидејќи ова е дело од сите и за сите,наш плод ,наше творение.
Да помагаме сите и да дадеме допринос во изградбата на оваа прекрасна Црква.
Помогнете ја изградбата -
IBAN-DE 65 4405 0199 0321 006876
BIC-DORTDE 33XXX
Sparkasse Dortmund
PayPal: Spende@mpc-dortmund.de